Властите во Шри Ланка ја окарактеризираа серијата напади врз црквите и хотелите на католичкиот Велгиден во кои беа убиени 321 луѓе, како одговор за оние во двете џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд минатиот месец, објавува „Вашингтон пост“.
Бомбашите-самоубијци кои нападнаа три цркви и три хотели во неделата биле припадници на радикалната исламистичка група Национал тоухид џамат во терористички напад, за кој властите во Шри Ланка, наводно, имале информации дека ќе се случи.
– Истражувачката полиција откри дека нападите беа спроведени од страна на исламски екстремисти како одмазда за нападите во Крајстчрч, Нов Зеланд – изјави државниот министер за одбрана на Шри Ланка во парламентот на земјата, Руван Вијевардене.
За потсетување, на 15 март, приврзаник на идејата за надмоќ на белата раса уби 50 муслимани во две џамии во Нов Зеланд.
Министерот за одбрана на Шри Ланка не откри нови докази за поврзаноста, но потврди дека постоеле безбедносни пропусти од страна на властите, во пресрет на нападите.
Уапсени се 40 лица, вклучувајќи три кои се во притворени од старна на Одделот за истраги за тероризам, рече портпаролот на полицјата Руван Гунаскера.
Во моментов, полицијата во земјата доби привремени насоки и дозвола да притвора и испрашува сомнителни лица, без налог на судот. Вакви овластувања имаше и за време на граѓанската војна во земјата, но сега се користат првпат по 2011 година.
Освен вонредната состојба, познато е дека и училиштата и универзитетите привремено ќе бидат затворени најмалку до понеделник, а мисите во црквите се откажани на неодредено време. Во меѓувреме, во Шри Ланка е прогласен ден на жалост и започнаа погребите на дел од загинатите.