Во Париз трет викенд по ред избија судири помеѓу демонстрантите и полицијата за време на протестот на „Жолтите елеци“ поради зголемување на таксата за гориво.
Судирите избија кога помала група демонстранти поставија барикади на улица во центарот на Париз и запалија гуми.
– Уапсени се најмалку 107 луѓе – изјави францускиот премиер Едуар Филип.
Полицијата употреби солзавец против демонстрантите кои се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон на Елисејските полиња.
Француските власти стравуваат дека приврзаници на ултра десницата и на левицата се обидуваат да се инфилтрираат во движењето „Жолти елеци“ кои протестираат поради зголемување на таксите на горивото.
Полицијата употреби солзавец и против „Жолтите елеци“ пред Тријумфална капија, кои фрлаа камења врз припадниците на безбедносните сили.