Воената морнарица на Либиската национална армија на одметнатиот генерал Халифа Хафтар запленила цивилен брод со турска посада, додека неговите сили ги засилуваат нападите за заземање на главниот град Триполи, како што пренесуваат светските медиуми.
Бродот запленет во водите на Либија, во близина на градот Дерна, бил испратен на инспекција во пристаништето Рас ел-Хилал. Не е соопштено каков товар пренесувал бродот. Заплената уследи откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази подготвеност да пружи помош на Владата на национално единство во Триполи. Турскиот парламент исто така ја одобри спогодбата во областа на безбедноста потпишана со Владата на национално единство.
Силите лојални на Хафтар објавија видео-снимка на која се забележува како го застануваат бродот во пресрет на заплената, по што испрашуваа тројца членови на посадата и објавија копии од нивните пасоши.
Згора, силите на Хафтар го нападнаа Триполи од 11 различни локации, вклучувајќи ги оние во близина на меѓународниот аеродром. Бунтовниците го засилиле и гранатирањето врз населените предградија на главниот град.
Владата признаена од Обединетите нации побара од меѓународната заедница да заземе јасен став против нападите на Хафтар врз Триполи. Одметнатиот генерал тргна во офанзива на главниот град на 4 април, но се пробие подалеку од периферијата на Триполи. Тој најави одлучувачка битка за заземање на градот на 12 декември, а во петокот им даде на властите ултиматум од три дена да се предадат. Според податоците на ОН, околу една илјада луѓе ги загубија животите по почетокот на борбите, а најмалку 5.000 беа повредени.
По симнувањето од власт и смртта на Моамер Гадафи во 2011 година, во Либија се појавија две струи што се борат за власт. Турција, Катар и Италија се во сојузништво со владата во Триполи, додека Хафтар кој командува со силите во источна Либија е поддржана од Франција, Русија, како и од Египет, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, според информациите во светските медиуми.