Дванаесет луѓе се убиени ноќеска кога вооружен напаѓач упаднал во ноќен бар на југот на Калифорнија и отворил оган, јави Си-ен-ен.
На местото на инцидентот бил пронајден мртов и напаѓачот.
Според Си-ен-ен, во нападот се повредени 12 луѓе.
Нападот се случил во местотот Таусанд Оакс, станбено предградие на Лос Анџелес, каде што имало студентска прослава. Тој бар бил популарен меѓу студентите.
Според Лоа Анџелес Тајмс, кој се повикува на изјави на безбедносните служби, биле истрелани најмалку 30 куршуми.