Во куќа во гратчето Селебрејшн на Флорида пронајдени се четири тела, а едно лице е во притвор, соопшти полицијата.
Телата биле пронајдени во домот, но полициските истражувачи не кажаа како луѓето биле убиени или со какви обвиненија се соочува лицето во притвор, објави АП.
Властите информираа дека идентитетот на жртвите нема да биде објавен додека не биде извршена обдукцијата на телата.
Според тврдењата на еден сосед, лицето што е притворено живеело во таа куќа со своето семејство.
Гратчето Селебрејшн, што значи прослава на англиски јазик, се наоѓа во близина на ресортот„Дизни“ на Флорида, а изграден е од компанијата „Волт Дизни“ на почетокот на 90-тите години од минатиот век.