Бројот на смртни случаи од епидемијата на коронавирус во Италија се зголеми на 148 во изминатите 24 часа, соопшти Агенцијата за цивилна заштита, пришто вирусот сè уште не покажува знаци на забавување.
Вкупниот број случаи во земјата изнесува 3.558, што е за 767 повеќе од вчера, објави „Ројтерс“.
Раководителот на Агенцијата за цивилна заштита рече дека од лицата кои биле заразени првично, 414 целосно закрепнале.
Заразата се појави пред 14 дена главно во северна Италија, но сега е проширена во сите 20 региони во земјата.