Во две одделени акции, италијанската и грчката полиција запленија 315 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.
Полицијата од италијанскиот град Рагуза на осторвот Сицилија заплени 190 килограми марихуана, чија вредност на нарко пазарот е проценета на 1,5 милиони евра.
Во акцијата се уапсени двајца албански државјани на возраст од 28 година, од кои се одземени 3.000 евра.
Дрогата била откриена во товарно комби возило, кое полицијата го следела половина час и кога тоа се паркирало во двор на една куќа на периферијаѕа на Рагуза, извршила контрола, при што во импровизиран под ја пронашла марихуаната.
Во исто време, грчката гранична полиција во зелениот пограничен појас во близина на селото Филат заплени 125 килограми марихуана и уапсила седуммина Албанци на возраст од 22 до 26 години.
Дрогата била спакувана во вреќи, кои приведените ги носеле на грб.