Единаесет ученици се удавија во река за време на училишно патување во индонезиската провинција Западна Јава, соопштија локалните власти.
Од група од 150 ученици, 21 од нив паднале во реката, а спасувачите успеале да извлечат 10.
Средношколците беа на екскурзија на која учествуваа во чистењето на брегот на реката.
Според медиумите, учениците не носеле елеци за спасување.