Најмалку седум луѓе загинаа, а некои се затрупани под урнатините од згради на југоистокот од Турција, по потресот со јачина од 5,7 степени по Рихетр, покрај границата со Иран, изјави турскиот министер за внатрешни работи. Иран пак соопшти дека има 25 повредени во оваа земја.
Меѓу загинатите во Турција, три се деца. Повредени се петмина луѓе и урнати се 1066 згради.
Телевизиите покажуваат луѓе како копаат под урнатините, урнати надворешни ѕидови од куќи, пукнатини на асфалтот на улиците.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар соопшти дека потресот бил на длабочина од 5 километри во турско-иранското погранично подрачје.
Турската мрежа „ТРТ Ворлд“ објави дека со потресот биле погодени десетици села во Турција, а им а вести и за урнати згради во градот Ван.
Турција во својата историја претрпела многу силни земјотреси. Во потресот минатиот месец, во источна Турција заинаа повеќе од 40 луѓе.