Статиста

Реагирајќи на бројките на новорегистрираните автомобили во Велика Британија од СММТ уште во март, извршниот директор Мајк Хоус порача дека „изминатата година беше најтешката во поновата историја, а автомобилскиот сектор, како и многу други, беше тешко погоден“.
Покрај јасната криза што ја предизвика пандемијата на ковид-19 во индустријата, постојат одредени типови автомобили за кои сè уште постои зголемена побарувачка. Како што покажува инфографикот со најновите бројки заклучно со 31 август, побарувачката за автомобили на бензин се намалила за три, а за дизел за триесет и четири отсто во споредба со 2020 година. Автомобилите што делумно се напојуваат со струја успеаја да се изборат со пандемиската бура и притоа забележаа раст од 107 отсто за возила што работат исклучиво на батерии, раст од 144 отсто забележаа возилата со хибриден приклучок, а 66 отсто раст има за класичните хибриди.
Во врска со ова, Хоус коментираше во јануари дека „со оглед на тоа што производителите ќе претстават рекорден број електрични возила на пазарот во наредните месеци, тие планираат да работат со Владата за да ги поттикнат возачите да направат промена, додека истовремено се промовираат инвестициите во нивната глобално докажана производствена база што ќе ги поттикне пазарот, индустријата и економијата“.