Во ватиканскиот кривичен суд денеска започна судењето на двајца свештеници. Во процесот, едниот е обвинет за сексуално злоставување на момче, а другиот за прикривање на тоа дело.
Обвиненијата на глас беа прочитани во судницата, што е првпат Ватикан детално да опише случај против свештеник, од кои едниот бил постар ученик на богословија во време на злоставувањето, кое го опфаќа периодот од 2007 до 2012 година, додека другиот тогаш бил ректор на семинар за млади.
Настанот се случил во палатата на Свети Пија X во рамки на Ватикан, преку пат од местото каде живее поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско.
Богословијата, која ја води религиското здружение Комо, служи за престој за момчиња на возраст од 12 до 18 години, кои помагаат за време на мисата на папата во црквата Свети Петар.
Според обвинението, Габриеле Мартинели (28) е обвинет за злоупотреба на овластувањата на високиот претставник на семинарот за принудување на помладата жртва на „телесни дела“ на содомија и мастурбација, со употреба на насилство и закани.
Поранешниот ректор Енрико Радиче е обвинет дека му помогнал на Мартинели да ја избегне истрагата, тврдејќи дека обвинувањата за жртвата се неосновани, а тој им соопшти на обвинителите на Ватикан дека не знае за сексуална злоупотреба во палатата.
Ниту Мартинели ниту Радиче не се изјаснија за виновни за обвинението. Следното рочиште е закажано за 27 октомври.