Британската полиција заплени хероин чија улична вредност се проценува на повеќе од 133 милиони евра.
Како што пренесе тамошната полиција, дрогата била скриена во пратка со крпи и бањарки.
Станува збор за најголема количина дрога запленета во историјата на земјата.
Дрогата била откриена на контејнер за бродски транспорт кој минатата недела пристигнал во источното англиско пристаниште Феликсту.
-Ова е рекордна заплена на хероин во Велика Британија и една од најголемите во Европа – изјави Мет Хорн од Британската криминалистичка агенција.
Агенцијата утврди дека хероинот бил на пат кон белгиски Антверпен, а во врска со шверцот уапсени се четири лица.