Бразилската полиција уапси повеќе од 250 лица во најголемата операција во историјата на земјата против детска порнографија.
Во операцијата учествувале илјадници полицајци во 24 држави кои спровеле повеќе од 500 налози за апсење на луѓе кои поседуваат или објавуваат детска порнографија, соопшти Министерството за јавна безбедност.
Во тек е анализа на повеќе од еден милион документи кои биле запленети во текот на вчерашната операција.