Не престануваат демонстрациите во Бејрут, по силната експлозија на пристаништето, во која досега животот го загубија 158 луѓе а над 6.000 се повредени.
Околу 5.000 луѓе се собраа на Плоштадот на мачениците во центарот на градот, лути на владата поради ужасниот инцидент со експлозијата. Демонстрантите фрлаа со камења кон полицијата, додека таа возврати со солзавец кога некои од демонстрантите се обиделе да ја пробијат оградата за да стигнат до парламентот во Бејрут.
Како што пренесува „Ројтерс“, демонстрантите извикувале „народот сака пад на режимот“ и држеле транспаренти со натпис: „Заминете, сите сте убијци“.
Владата вети дека одговорните за трагичниот настан ќе ги доведе пред лицето на правдата.