Полицискиот оддел во Њујорк соопшти дека пукање на издувни гасови од ауспух на еден мотоцикл предизвикувало паника и дека луѓето панично се разбегале од Тајмс сквер.
Полицијата минатата ноќ објави на Твитер дека нема напаѓачи во Тајмс сквер, туку дека пукањето на издувните гасови од ауспухот на моторциклот наликувало на истрел од пиштол или бомба. Полицијата добила низа повици од вознемирени граѓани да дојдат и да интервенираат, но апелирала до нив да не паничат бидејќи Тајмс сквер е многу безбеден.
Осум луѓе заработија мали повреди, и шест беа пренесени во болница за понатамошен третман, информираа од Пожарникарската служба на Њујорк.
Центарот на Менхетн, каде што се наоѓа плоштадот, е главна туристичка дестинација во Њујорк. Населението е во страв поради убиствата на 31 лице во два вооружени напади во Тексас и Охајо минатиот викенд.