Во Австрија стапи во сила забраната за пушење во автомобил, кога се возат деца или помлади од 18 години. За кршење на тој пропис предвидени се казни од 100 евра.
Во случај на непочитување на истиот пропис полицијата може да изрече казна до илјада евра. Од забраната се изземени такси возилата.
Првите недели од мај ќе се користат како фаза за привикнување на новите прописи и полицијата само ќе опоменува, но не и казнува. Казните ќе се изрекуваат од 1 јуни.