Федералната криминалистичка служба на Австрија зададе тежок удар на меѓународна нарко-мафија, сочинета од луѓе од Балканот.
Полицијата уапсила 14 осомничени и запленила дрога во вредност од 8,6 милиони евра.
Кај осомничените биле пронајдени околу 112 килограми кокаин, 71 килограм амфетамин, 19 килограми марихуана и пет килограми канабис.
Според полицијата, станува збор за мафијашка мрежа со врски до Јужна Америка, од каде што го добивале кокаинот.
Истрагата низ цела Европа, под водство на австриската полиција, уште во 2017 година влегла во траг на српско-црногорската група, која ја следеле со месеци.
Во септември истата година петмина членови на овој клан биле уапсени во Германија, а во мај минатата година во Франција, врз основа на информации од австриската полиција, тамошните власти уапсиле еден осомничен.
До сегашното „голема финале“ довела полициска операција стартувана на почетокот на годината.
Во координираната акција, упсени се уште осум лица.
Австриските медиуми укажуваат на врската помеѓу нелегалните активности на оваа група со убиствато на Владимир Рогановиќ и ранувањето на Стефан Вилотијевиќ во центарот на Виена.
Тројца големи дилери, кои се меѓу уапсените, имале директен контакт со едно од овие две лица.