Ден по терористичкиот напад во Виена, припадници на армијата и полицијата беа на улиците. По серијата напади извршени вчера во Виена досега има четири жртви и 17 повредени.
Генералниот директор за јавна безбедност, Франц Руф, истакна дека во акцијата учествуваат 50 припадници на специјалните единици „Кобра“, 100 припадници на единицата „Вега“, како и голем број други полициски единици, како и специјалисти од службата за борба против тероризмот.
Тој посочи дека полицијата го затвори центарот на градот и дека ја засилија контролата над сè, во договор со меѓународните партнери, на границите на Австрија.
Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, попладнево извести дека уште три лица повредени во терористичкиот напад се во критична состојба.
Тој посочи дека 24 лица биле повредени и пренесени во болница – 10 биле отпуштени, а од седуммина кои биле во потешка состојба, останале уште тројца во критична состојба. Меѓу нив има еден полицаец и уште двајца пациенти, но никој од нив не е во животна опасност.
Сите не се повредени од куршум, некои имаат повреди со нож, а некои и типични повреди на бегство, како што се скршеници.
Што се однесува до повредените, тие се Австријци, Германци, како и една Словачка.
Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер, изјави дека 14 лица се уапсени во врска со нападот и дека нема други напаѓачи.