Во напад на џихадистите на северот од Буркина Фасо се убиени 35 цивили, од кои повеќето жени. Во судирот со силите за безбедност се убиени и 80 напаѓачи, соопшти претседателот на земјата Рок Марк Кристијан Каборе.
– Херојската акција на нашите војници овозможи неутрализација на 80 терористи. Овој варварски напад резултураше со смрта на 35 цивили, од кои повеќето се жени – Каборе.
Во судирот во градот Арбинда, во непосредна близина на границата со Мали, загинале и седум припадници на силите за безбедност.