Воената хунта во Мјанмар предупреди денеска дека припадници на нејзините сили ќе пукаат во главата на демонстрантите, објави државната телевизија.
– Треба да знаете дека може да бидете во опасност да ве застелаат во главата и грбот“, соопшти водителот на МРТ, пренесува „Ројтерс – истакнувајќи дека ова е прво признание дека имало наредба за пукање да се убие.
Претходно денес, безбедносните сили на Мјанмар застрелаа и убија тројца демонстранти против владејачката воена хунта.
Според сведоците, две лица биле застрелани во главата.
Најмалку 320 лица се убиени во судири од воениот удар на 1 февруари, според активистите на Здружението за помош на политичките затвореници.
Светската банка претходно предупреди дека домашниот бруто-производ на Мјанмар годинава може да падне 10 % поради кризата во таа земја.