Австралиската полиција го евакуираше аеродромот во Бризбејн поради вонредна состојба, откако очевидци тврдеа дека маж носи бомба.
Припадници на федералната полиција и на полицијата на Квисленд се на местото на инцидентот.
– Во овоj момент немаме повеќе информации – се наведува во соопштението на полицијата.
На социјалните мрежи објавено е дека маж вооружен со ножеви и со бомба стои на еден од аеродромските терминали.