Во близина на градот Темпи во сојузната американска држава Аризона, на железнички мост се запалил товарен воз, а дел од вагоните паднале во езеро, пренесува РТ, врз основа на информации од американските медиуми.

Засега нема извештаи за повредени во инцидентот.

Снимките и фотографиите од местото на настанот покажуваат дека во инцидентот попуштил и дел од конструкцијата на мостот, од каде се шират густи облаци црн чад.

Локалните власти соопштија дека облакот од чад, влијаел на сообраќајот во околните области.

Полицијата ги предупредува луѓето да го избегнуваат тој дел од градот.

Еден очевидец на локалнитете медиуми ја опишал несреќата како „сцена од пеколот“, пренесува РТ.

Причината за излетувањето на возот и пожарот засега не е позната, а медиумите јавуваат дека возот превезувал дрва.

Во езерото под мостот завршил и еден автомобил кој заедно со вагоните паднал во водата.

Инспекторите сè уште утврдуваат што точно превезувал возот и дали во вагоните имало и некои опасни материи.