Тензиите помеѓу нуклеарните сили Индија и Пакистан секојдневно растат, особено по минатонеделните инциденти, во кои беа соборени неколку воени авиони на двете страни над спорната област Кашмир. САД, Кина и другите светски сили ги повикаа двете земји на воздржаност, стравувајќи од поголем конфликт помеѓу Њу Делхи и Исламабад, кој може сериозно да ја загрози глобалната безбедност.
Најновите информации од теренот говорат и за поморски инцидент помеѓу Индија и Пакистан, во кој наводно индиска подморница навлегла во пакистанските територијални води.