Венецуелските власти уапсија 15 офицери на Вооружените сили на Венецуела, под обвинение дека подготвувале „воен заговор“ против Владата на претседателот Николас Мадуро.
Како што јави ДПА, Мадуро, кој вчера положи заклетва за почеток на неговиот нов претседателски мандат, соопшти дека биле откриени подготовки за заговор, „финансиран, поттикнуван и охрабруван од САД“.
– Нивна крајна цел била извршување на државен удар, изјави Мадуро, додавајќи дека водачот на „заговорниците“ побегнал во Колумбија.
Станува збор за 15 офицери на Воената морнарица, Военото воздухопловство и Националната гарда, кои биле уапсени изминатаве неколку недели.