Група воени бродови на НАТО предводени од данската фрегата „Тетис“ и сквадрон чистачи на мини од Холандија, Белгија, Норвешка, Германија и Велика Британија влегле во Балтичкото Море, објави ресурсот за мониторинг „Интел скај ен ер”, цитирајќи ги податоците од бродските транспондери, пренесува „Спутник“.
Според морнаричкиот поморски ресурс „Марин трафик“ групата поминала низ Оресундскиот теснец во средата вечерта, а бродовите биле во близина на источниот дански остров Борнхолм, од пет часот изутрината.
Претходно, поморската команда на НАТО соопшти дека уништувачот УСС Грејвли и фрегатата ХМС Вестминстер на британската кралска морнарица, кои пристигнале во регионот минатиот месец заедно со турските и шпанските воени бродови, извеле вежби за обука во Балтичкото Море.
Во средата, руската армија го следеше шпионскиот авион на американските воздухопловни сили „боинг РЦ-135В”, кога леташе во близина на поморските граници на руската ексклава Калининград долж Балтичкото Море. Претходно неделава, руската војска спроведе ракетни вежби во регионот во текот на кои корвета од Балтичка флота истрела две антибродски ракети „Уран“ кон цели оддалечени 30 километри.
Во последниве неколку недели НАТО очигледно го засили своето присуство во балтичкиот регион, при што Франција и Велика Британија неодамна распоредија повеќе војници, тенкови и хеликоптери кон балтичките земји како дел од нивното ротирачко распоредување и за претстојните вежби.