Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека планира да се повлече од договорот со сојузен суд со кој строго се ограничуваат условите под кои на властите им е овозможено да приведуваат деца на мигранти.
Наместо тоа, предложени се нови правила, јавија американски медиуми. Договорот Флорес од 1997 година- декрет на сојузен суд, кој ограничува колку долго и под кои услови владата може да приведува деца на мигранти, долго е на мета на американската влада.
Регулативата што е претставена ако стапи на сила, ќе предизвика некои заштитни механизми, но и ќе заобиколи некои други. На властите ќе им се дозволи да задржуваат деца во установи, на кои државата досега не им давала дозвола за притворање малолетници.
Со договорот Флорес, имаше ограничување од 20 денови за притвор на деца кои во државата ќе влезат илегално, а установите кои ги сместуваа мораа да имаат дозволи од сојузната држава.
Во предлогот се наведува дека владата ќе се обиде да го укине договорот Флорес и усвои регулативи кои се „паралелни на релевантните и битни услови“ од тој договор.
Новите правила би обезбедиле „сите малолетници под старателство на владата да се третираат со почитување, достоинство и со посебна грижа“ пишува во регулативата.
Единстевна значајна промена е тоа што на властите би им се овозможило да сместуваат деца во прифатни центри, кои сојузните власти не дозволуваат престој на малолетници.
Американската јавност има 60 денови за коментари на предлогот, по што следи период од 45 денови пред да го поништи тој договор.