Околу 72 отсто од Французите ги поддржуваат „жолтите елеци“, покажуваат најнови резултати од анкета, два дена по третите по ред протести во Париз и други француски градови поради зголемување на даноците на горивата.
Сепак, повеќе од 80 отсто од испитаниците не одобруваат насилство, додека 90 проценти сметаат дека извршната власт не покажала дека е „на висината на задачата“, покажаа резултати од анкета на истражувачкиот институт „Харис интерактив“ спроведена за француското радио РТЛ и телевизијата М6.
Процентот на Французи кои ги поддржуваат протестите е сличен на бројката регистрирана и на првиот ден од протестите на 17 ноември, заклучи РТЛ.