Инспекторот на Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ), Финецот Теро Варјоранта, ненадејно поднесе оставка, објави агенцијата без да ги наведе причините за оставката.
Заминувањето на Варјоранта се случува во чувствителен момент, три дена откако САД се повлекоа од нуклеарниот Договор со Иран, со што се отвори прашањето дали Техеран ќе продолжи да го почитува.
Варјоранта беше заменик директор на МААЕ и од октомври 2013 година го водеше одделот што утврдува почитување на договорот за спречување на ширење на нуклеарно оружје.