Околу 300 илјади војници и илјадници возила, летала и воени бродови земаат учество во најголемите воени вежби што Русија ги организира во последните 37 години, пренесува „Раша тудеј“.
Единици од Кина, исто така, се дел од маневрите.
Воените вежби „Восток 2018“ има цел да ја тестира способноста на руската армија за брзо распоредување и преместување на бројни сили на поголемо растојание, како и координацијата помеѓу родовите при големи воени акции.