Талибанските сили денеска одржаа воена парада во Кабул користејќи заробени оклопни возила од американско производство и руски хеликоптери. Како што пренесува „Ројтерс“, на тој начин тие ја покажале трансформацијата од бунтовнички сили во редовна армија.
Military Parade of I.E.A in Kabul.
For full Video Click here? https://t.co/Upq1bAwJ3Z#Afghanistan #Taliban pic.twitter.com/zCRebKJDAH— Khalid Afghan (@KhalidAfg) November 14, 2021
Талибанците дејствуваа како бунтовнички борци две децении, но користеа голема залиха оружје и опрема што остана по падот на владата, која беше поддржана од Западот. Парадата е организирана по завршувањето на обуката на 250 војници, изјави портпаролот на Министерството за одбрана, Енајатулах Хваразми.