Иако секаде во светот верските објекти се сметаат локации на кои луѓето ја слават духовноста и мирот, во измнатата декада можат да се изборјат голем број на напади врз нив од страна на екстремисти или екстремистички групи. Последниот напад врз две џамии во местото Крајстчрч, на Нов Зеланд, повторно го отвори ова чувствително прашање, а „Асошиејтед прес“ направи листа на најсмртоносните напади од ваков тип во последниот период.
31 октомври 2010: Милитанти на Ал-Каеда во Ирак ја нападнаа католичката црква во Багдад за време на неделна миса. Во овој напад загинаа 58 луѓе, а потоа е констатирано дека ова е најсмртоносен напад врз христијани од 2003 година во оваа земја. Ал-Каеда во Ирак потоа се трансформираше во Исламската држава (ИД).
15 декември 2010: Двајца бомбаши-самоубици од сунитската екстремистичка група Џундулах се разнесоа во близина на џамија во југоисточен Ирак. Во нападот загинаа и шест командири на Револуционерната гарда во државата.
5 август 2012: Шест члена на Храмот на сиките во сојузната држава Висконсин, САД, во местото Оук Креек, беа убиени од страна на Вејд Мајкл Пејџ, радикален десничар и расист. Брзо по убиствата, Пејџ беше погоден од полицијата и тој самиот си го одзема животот.
18 ноември 2014: Двајца Палестинци со секири, ножеви и пиштол убија четири верници и припадник на полицијата на Израел пред синагога во Ерусалим.
30 јануари 2015: Во самоубиствен бомашки напад во шиитската џамија во пакистанскиот град Шикарпур загина 71 верник. Организацијата Џундулах презема одговорност за нападот.
20 март 2015: Бомбаши-самоубици на Исламската држава нападнаа неколку џамии во главниот град на Јемен, каде загинаа 137 верници.
17 јуни 2015: Девет верници од афро-американско потекло, вклучувајќи и еден свештеник се убиени од страна на радикалниот десничар и расист Дилан Руф (21). Во местото Чарлстон во јужна Калифорнија, Руф ја завршил молитвата, а потоа ги езгекутирал верниците. Тој е осуден за злосторство од омраза и обстукција на религија, а потоа е осуден на смртна казна од страна на надлежните власти.
24 септември 2015: Бомбаш-самоубиец се разнесува во џамија во главниот град на Јемен, убивајќи 25 верници за време на муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
12 ноември 2016: Член на Исламската држава убива над 50 луѓе во верски објект во провинцијата Балучистан во Пакистан.
11 декември 2016: Бомбаш-самоубиец активира бомба која ја носи на себе во катедралата Свети Марко, која е дел од коптската православна црква во Египет. Исламска држава презема одговорност за нападите во кои загинаа најмалку 25 луѓе.
16 февруари 2017: Најмалку 98 лица загинаа во пакистанската провинција Синд, откако бомбаш-самоубиец активира бомба во храмот Лал Шабаз Каландар.
9 април 2017: Два координирани бомбашки напади во египетските градови Александрија и Танта загинаа најмалку 45 луѓе. Одговорност за нападот преземаа екстремисти на Исламската држава.
5 ноември 2017: Целосно облечен во воена опрема и вооружен со автоматско оружје, Девин Кели (26) отвори оган на баптистичка црква во Сутерленд спрингс, во сојузната држава Тексас во САД. Тој застрела 26 луѓе, а ранети беа околку 20 лица.
24 ноември 2017: Милитанти убија 311 верници во џамија во северен Синаи. Ова беше најсмртоносниот терористички напад во модерната историја на Египет.
17 декември 2017: Исламска држава нападна црква во пакистанскиот град Куета, каде загинаа 16 лица.
27 октомври 2018: Вооружен напаѓач кој претходно ширел антисемитистички пораки и реторика на социјалните мрежи, нападна синагога во градот Питсбург во САД и застрела 11 лица, а рани шетири лица, вкучувајќи четворица полицајци.
15 март 2019: Најмалку 40 лица се убиени во координирани напади на џамии во крадот Крајстчрч на Нов Зеланд.