Властите во Венецуела ја испитуваат смртта на пет лица на антивладините демонстрации на 30 април, изјави државниот јавен обвинител обвинител Тарек Вилијан Сааб, пренесува ТАСС.
– Вкупно 233 лица беа уапсени, пет лица загинаа. Сите овие случаи се под истрага од страна на обвинителството – изјави Сааб за телевизискиот канал Веневижн.
Обвинителството веќе побара налози за апсење на 18 војници и цивили кои учествувале во заговорот за соборување на владата, додавајќи дека се извршени и 17 претреси.
На 30 април, воена група застана на страната на венецуелската опозиција, што доведе до големи антивладини протести во земјата. Десетици лица беа повредени во судирите со безбедносните сили.