Британскиот амбасадор во Авганистан, Лори Бристоу, синоќа рече дека е дојдено времето за прекин на воздушниот мост преку кој беа евакуирани речиси 15.000 Авганистанци и британски државјани во изминатите две недели.
– Дојде време да се заврши оваа фаза од операцијата, но ние не ги заборавивме луѓето што сѐ уште сакаат да си заминат и ќе сториме сѐ што можеме за да им помогнеме – рече Бристоу.
Ниту еден британски авион наменет исклучиво за евакуација на цивили нема да полета од Кабул, но летовите за британските војници и помал број Авганистанци ќе продолжат, објави британското Министерство за одбрана.
„Скај њуз“ објави дека последниот британски цивилен авион го напуштил Кабул во вчера вечерта.