Осум деца беа повредени во јужниот дел на Англија, кога се урна тобоган за време на прославата на „Ноќ на огнометот”.
Инцидентот се случи во Вокинг, на 40 километри југозападно од Лондон, каде што илјадници луѓе се собраа да го гледаат огнометот.
Очевидци на настанот велат дека околу 40 деца играле на тобоганот, кој бил висок околу девет метри.
„Гардијан“ пишува дека огнометот бил откажан и биле евакуирани 12.000 луѓе за да се направи место за слетување на хеликоптер на брзата помош.
Повредените деца биле пренесени во болница со „потенцијално тешки повреди“.
Инаку, низ цела Британија со огномети се одбележува годишнината од неуспешниот заговор на Гај Фокс од далечната 1605 година, да го дигне во воздух парламентот.
Тој ден се одбележува како „Ноќ на огнометот“.