Американскиот претседател Доналд Трамп е под истрага на тимот на специјалниот обвинител Роберт Милер, но против него засега не се планира никакво обвинение, објави Вашингтон Пост, цитирајќи неименувани извори.
Милер е задолжен да одреди дали имало комуникација меѓу екипата на Трамп и Русија за време на претседателската кампања во 2016 година.
Трамп ја осудува оваа истрага насочена против него оценувајќи ја како „лов на вештерки“.
Москва негира секаква вмешаност на руските власти во американската кампања.