Нема драстично зголемување на бројот на заболени лица од новиот коронавирус надвор од границите на Кина, освен патниците на крузерот, што сега се во карантин. Ова го изјави високиот претставник на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан.
Тој најави дека се очекува преостанатиот дел од мисијата под водство на СЗО да пристигне во Кина за време на претстојниот викенд и да им се придружи на претходниците, кои веќе се во Пекинг.
Претставникот од СЗО одби да каже дали експерти од Американскиот центар за контрола на болестите ќе бидат дел од мисијата.
– Можам да ве уверам дека тимот е составен од врвни научници од целиот свет и од сите релевантни земји, кои може да придонесат за овие напори – посочи Рајан.