Најмалку 90 луѓе загинаа, а 150 се повредени во терористичкиот напад во близина на аеродромот во Кабул што се случи вчера, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на авганистанското Министерство за здравство.
Американскиот претседател Џо Бајден ѝ вети на нацијата дека ќе ги фати сторителите на нападот во кој загинаа најмалку 12 американски војници, потврдувајќи дека големата операција за евакуација на цивили ќе продолжи до 31 август кога американските сили ќе се повлечат од Авганистан.
Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот.
Неименуван талибански функционер изјави дека 28 талибанци биле убиени. Портпаролот на талибанците рече дека ги предупредиле Американците за можни напади од терористички групи како што е ИСИС.