Секоја минута, 11 луѓе умираат од глад во светот, објави организацијата „Оксфам“.
„Вирусот на глад се шири“ велат од оваа организација и дополнуваат дека за разлика од минатата, оваа година бројот на гладни луѓе во светот е зголемен за шест пати.
Од „Оксфам“ изјавија дека во изминатата година, повеќе луѓе умреле од глад отколку од ковид-19. Седум лица умираат за една минута како резултат на инфекција со коронавирус.
Претседателот на „Оксфам“, Аби Максман рече дека статистиката е застрашувачка, но мора да се земе предвид дека станува збор за луѓе кои страдаат и дека еден човек кој умира од глад е премногу.
Гладот главно е предизвикан од воени конфликти во државите.
Максман додаде дека сега околу 155 милиони луѓе во светот живеат во неизвесност кога станува збор за храната.