Бродот „Океански Викинг“ на кој има 182 спасени мигранти, плови по меѓународни води меѓу Италија и Малта, чекајќи дозвола од некоја европска земја да се закотви во нејзино пристаниште.
На бродот има мигранти од Либија кои биле спасени минатата недела.
Во петокот од бродот се симнаа 35 лица кои ги прими Малта.
Останатите мигранти, меѓу кои има 13 деца помали од 15 години и едно новороденче, не сакаат да ги примат ниту Малта, ниту Италија која бара некоја друга држава да ги прими мигрантите, пренесе „АП“.