Долниот дом на британскиот Парламент денеска повторно ќе гласа за одржување предвремени парламентарни избори, што е предлог на премиерот Борис Џонсон, во обид да се реши политичката криза за брегзит.
Џонсон повеќе нема мнозинство во парламентот, откако еден пратеник кој овозможуваше мнозинство се пресели во Либерално-демократската партија. Владата на Џонсон ја напушти и неговиот брат, како и министерката за труд.
Минатата недела Парламентот го отфрли предлогот на Владата за одржување на изборите на 15 октомври.
Британскиот премиер сака изборите да се одржат пред самитот на Европската унија закажан за 17-18 октомври. Тој состанок би можел да биде последната шанса Лондон да постигне договор со Брисел за повлекувањето на Велика Британија од членството во ЕУ закажано за 31 октомври.