Долниот дом на британскиот дом во понеделник ќе одржи ново гласање за одржување на предвремени парламентарни избори, соопшти британската Влада со цел решавање на политичката криза за брегзит.
Британскиот министер за односи зо парламентот, Џејкоб Риз-Мог изјави дека парламентот во понеделник ќе гласа за предлогот за одржување на вонредни парламентарни избори.
Ова следи еден ден откако парламентот го одби предлогот на Владата на премиерот Борис Џонсонза одржување на избори на 15 октомври.
Џонсон сака изборите да се одржат пред самитот на ЕУ, предвиден за 17 и 18 октомври. Тој состанок би можел да биде последна можност Лондон да постигне договор со Брисел за брегзит, планиран на 31 октомври.