Британската морнарица ќе испрати заштита за бродовите што пловат под знамето на Велика Британија преку Ормускиот теснец по убиството на иранскиот воен командант Касим Сулејмани.
Британскиот министер за одбрана Бен Волас изјави дека наредил бродовите HMS Montrose и HMS Defender да се подготват за задачата, што вклучува набљудување на сите бродови што пловат под британско знаме.
– Владата ќе ги преземе сите неопходни чекори за да ги заштити нашите бродови и граѓани – рече британскиот министер за одбрана, пренесе „Ројтерс“.
Сулејмани, најмоќниот генерал во Иран, беше убиен во напад на САД на аеродромот во Багдад.