Според најновиот план на британската Влада, емисиите на стакленички гасови во Велика Британија, ќе бидат намалени речиси на нула до 2050 година, објави Би-би-си.
Премиерката Тереза Меј смета дека таквото намалување на загадувањето на животната средина ќе им користи на граѓаните, но и би ги намалило трошоците на Националната здравствена служба.
На овој начин Британија стана првата голема нација која предложи ваква амбициозна цел, што секако ја поддржаа многу општини кои се борат за чиста околина.
Некои се плашат дека ваквата идеја е неостварлива, друга пак сметаат дека оваа одлука дошла предоцна бидејќи климатските промени земале преголем замав.
За да се постигне ова драстично намалување на загаденоста, ќе мора до 2050 година во целост да се укинат емисиите на штетни гасови од домовите, сообраќајот, земјоделството и индустрјата или да се надомести штетата со садење дрвја и техничко чистење на јаглеродниот диоксид од атмосферата.
Според извештајот на британската Влада, ако и другите држави го следат примерот на Британија, би имале до 50 проценти шанси до 2100 година порастот на температурите да го одржиме под 1,5 Целзиусови степени, што се смета за праг по кој почнуваат климатските промени.