Бразилскиот мафијаш Кладувињо да Силва, кој се обиде да побегне од затвор преправајќи се во својата ќерка, пронајден е мртов во затворската ќелија.
Затворските власти соопштиле дека Да Силва најверојатно извршил самоубиство со бесење и дека е отворена истрага, пренесе АП.
Водачот на бразилска банда, попознат како Шорти, се обидел да избега од затвор маскирајќи се во својата ќерка тинејџерка, која дошла да го посети во саботата. Ја облекол нејзината облека и ставил маска со нејзиниот лик, но го издала нервозата.