Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собрале околу универзитетски кампус – места кои последниве недели важат за јадро на антивладините протести.
На фотографиите, објавени на фејсбук страницата на полицијата, се гледа дека стрелата се забила во долниот дел од ногата на полицаецот, а соопштено е дека тој бил пренесен во болница, јави агенцијата АП.
Демонстрантите одбиваат да се повлечат, иако камиони со водени топови преминаа преку импровизираните барикади од тули, кои тие ги поставија на улиците.
Демонстрантите се собрани во Политехничкиот универзитет откако падна мрак, стравувајќи дека ќе паднат во замка, откако полицијата, користејќи солзавец им се приближи од спротивната страна.