Тензиите во сирискиот регион Идлиб може да ескалираат во голем меѓународен конфликт, изјави високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, додавајќи дека Унијата ќе ги разгледа сите неопходни мерки за заштита на своите безбедносни интереси.
Ескалацијата во Идлиб мора итно да престане, бидејќи постои ризик да прерасне во голем отворен меѓународен воен конфликт. Исто така, предизвикува неподносливо хуманитарно страдање и ги доведува во опасност цивилите, напиша на Твитер шефот на надворешната политика на ЕУ.
– ЕУ ги повикува сите страни на брза деескалација и жали за сите загубени животи. ЕУ ќе ги разгледа сите неопходни мерки за да ги заштити своите безбедносни интереси. Ние сме во контакт со сите релевантни актери – изјави Борел.