Шпанскиот министер, Жозеп Борел, кој е иден шеф на европската дипломатија, го бојкотираше состанокот на официјалните претставници од ЕУ и партнерите од Западен Балкан во Хелсинки, бидејќи покана добила и Приштина, пишува „Новости“.
Како што пишува весникот, Борел дошол на самитот, но не и на состанокот на кој присуствувал и министерот за надворешни работи на Приштина, Беџет Пацоли.