Унгарската полиција ги евакуираше жителите на една од четирите населби во Будимпешта заради отстранување на бомба од Втората светска војна, објавија локалните власти денес.
Се тврди дека биле евакуирани околу 3.500 жители на областа околу Градскиот парк во центарот на градот, а целиот крај е делумно блокиран, односно не може да се влезе, туку само да се излезе, според МТИ.
Автобускиот и тролејбускиот сообраќај, исто така, се запрени, а градските власти обезбедија привремено сместување за евакуираните лица, како и превоз и лична помош за болните и старите лица.
Бомбата тешка 100 килограми од Втората светска војна беше откриена вчера при изведување градежни работи.