Турција не е на ничија страна кога е во прашање Сирија, изјави денеска турскиот вицепремиер Бекир Боздаг, коментирајќи ја оценката на францускиот претседател Емануел Макрон дека дошло „до разидување меѓу Анкара и Москва“.
– Турската политика кон Сирија не е да биде со некого или да биде против некого. Нашата политика е јасна, Ние сме на страната на правдата и на тоа што е исправно – порача Боздаг.
Тој нагласи дека Турција е против поддршката што некои земји, како Русија, и ја даваат на „режимот во Сирија“, но и против поддршката што САД и другите западни земји им ја пружаат на „терористичките организации“, како што се Силите за заштита на народот на Сириските Курди.