Бил Гејтс никогаш не се наоѓал на пониско место од второто во седумгодишната историја на „Блумберговиот индекс на милијардери“. Но сега коосновачот на „Мајкрософт“ се најде на трето место поради Французинот Бернар Арно.
Арно им се приклучи на двајцата најбогати луѓе минатиот месец, кога неговото богатство достигна 100,4 милијарди долари.
Бернар поседува околу половина од францускиот конгломерат LVMH , моден синџир во чија групација, со исклучок на „Луј Витон“, се наоѓаат уште 70 светски познати брендови. Тој е сопственик и на францускиот весник „Ле Парисиен“.